ЗА НАС

ИСКУСТВО, ТРАДИЦИЈА И КВАЛИТЕТ

  
Со 20+ години искуство и традиција во работењето ние сме современа дестинација за совршен и практичен мебел за вашиот дом, модерен дизајн и квалитетна изработка. Нашиот производ е направен за да ја надополни уметноста за добро живеење, а дизајнот е совршено решение за мал простор.

DMW design се придржува до највисоките стандарди за обработка, и монтажа – така сте сигурни дека мебелот од DMW design ќе ви трае цел живот. Настојувајќи да понудиме дизајни што се практични и уникатни, со вистински конкурентни цени на пазарот. Изработката и испораката трае кратко и е секогаш на време во договорениот рок.

Ние сме посветени на создавање производи кои ги инспирираат и поддржуваат луѓето да направат позитивни промени во животниот стил.
 
 

КВАЛИТЕТ

ПО ШТО СМЕ ПРЕПОЗНАТЛИВИ?

  

Нашите производи се создадени со големо внимание на деталите - функцијата и дизајнот секогаш одат рака под рака. Изработени од високо квалитетни материјали и при изборот на материјалите, ние му придаваме големо значење на високиот квалитет. Нашиот мебел гарантира максимална стабилност и долг век на траење.


ПРАКТИЧНО

КАКОВ МЕБЕЛ ПРОИЗВЕДУВАМЕ?

  

Дизајнираме и произведуваме мебел со намена. И за домот и за канцеларијата, ние создаваме мебел што не само што изгледа импресивно, туку го олеснува животот. Иновативен мебел за заштеда на простор и паметни решенија за вашиот дом.

zakachalki

БЕЗВРЕМЕНСКИ

МЕБЕЛ ЗА ЦЕЛ ЖИВОТ

    
Внесете стил и убавина дури и во наједноставните места. Наполнета со софистицирана душа и дух на иновација, користејќи само најквалитетни материјали и работа извршена од искусни работници, DMW design доставува колекции со висок квалитет и неспорна убавина. Нашиот мебел е „направен за цел живот“.
 
 

МАЛ ПРОСТОР-СОВРШЕНО РЕШЕНИЕ

Изберете квалитет, изберете мебел за „цел живот“